Експлозија во 02.37 часот го стресе седиштето на Телевизјата Скај во Атина при што е причината значителна штета, но нема повредени.
Полицијата соопшти дека станува збор за експлозија причинета од 5 килограми експлозив поставен на неколку метри од влезот во зградата во која се наоѓаат ТВ Скај и Радиото. Нападот се третира како терористички чин со сомнеж дека зад него се ултралевичарски групи.
По експлозијата, едно возлило е пронајдено во Петралона, речиси целосно изгорено, а се смета дека со него го користеле напаѓачите. Автомобилот марка „опел“ бил пронајден 15 минути по повикот до полицијата (околу 02 часот) за подметната бомба. Според информациите, возилото имало лажни регистарски таблички.
Експлозивот бил поставен во црна вреќа на избрано место со цел да се предизвика што поголема материјална штета. На местото има безбедносни камери, но на нив не можат да се препознаат лица, туку само силуети. Експерти велат дека зад нападот најверојатно стои групата Народни борци, но тоа е само претпоставка. Во секој случај како нападот е изведен и телефонскиот повик укажуваат на тоа дека станува збор за „професионалци“.
Comments are closed for this post.