Изненадувачка толерантност кон различни раси и етноси и очекуван отпор против истополовите бракови, покажуваат податоците од истражувањето на „Галуп интернешнл“, пренесуваат бугарските медиуми.

Одвај 12 отсто од испитаниците ја одобруваат можноста маж со маж или жена со жена да стапуваат во брачни односи. А, против таквата можност се изјасниле 78% од испитаниците.

Категорична е поддршката на ставот дека мажот треба да биде тој, кој ќе води грижа и ќе има главна одговорност за доходите во семејството и тоа мислење подеднакво го споделуваат и мажите и жените. Речиси 30% од испитаниците се на мислење дека родителите треба да можат да им удираат шамари на своите деца.

Меѓутоа, наспроти ваквите конзервативни позиции, висока е поддршката на браковите меѓу луѓе од различни етноси (69%) и различни раси (64%). Ова е интересно, зашто поранешните податоци на Евробарометар покажуваа оти Бугарија беше меѓу последните држави од ЕУ во која се прифаќаше врска на децата со црнец/црнкиња или со маж или со жена, кои исповедаат ислам.

Одвај 15% сметаат дека луѓето не треба да имаат право на развод, а уште помалку-11%  сметаат дека абортусот треба да се забрани.