Претседателот Реџеп Таип Ердоган ја потпиша одуката со која Турција официјално основаше Национална вселенска агенција, јавува Анадолија. Според должностите и овластувањата кои се наведени во одлуката, агенцијата како правен субјект, ќе има административна и финансиска автономија и посебен буџет.
Мисија и обврска на Вселенската агенција на Турција ќе биде развој на конкурентска вселенска и воздухопловна индустрија, проширување на употребата на вселенски и воздухопловни технологии, во согласност со националните интереси и просперитет на друштвото, јакнење на капацитетите и способностите, градење постројки и технологија која ќе овозможи независен пристап до вселената.
Турција од 2000 година се фокусираше на вселенската технологија, произведувајќи сателити за надгледување. Во тој период прозведени се турските сателити „Билсат“, „Расат“ и „ГокТурк2“ од кои некои се веќе седум години во вселената.
Турција во 2014 година започна со проектирање на сателитите „Имеце“ и „Турксат 6А“ кој ќе нуди комуникациски услуги на широка област од Европа до Индија.
Моделот на овој сателит ќе биде готов до крајот на 2020 година.
Comments are closed for this post.