Одлуката на градските советници за зголемување на цената за месечната картаза паркинг од 300 на 850 денари ги разлутивработените на Клиинички центар. Тие од 10:00 до 10:30 ќе протестираат во кругот на Клиничкиот центар. Протестот е на иницијатива на 200 вработени. Велат дека градоначалникот Петре Шилегов длабоко го повредил нивното достоинство.
На иницијатива на повеќе од 200 вработени во скопскиот Клинички центар, а со поддршка на синдикалните организации при споменатата здравствена институција, во периодот на законски предвидената пауза од половина час, од 10 до 10,30 часот, на просторот на Хелиодромот во рамките на комплексот ќе се одржи протест против иодлуката на Советот на Град Скопје за наплата на месечен билет за паркинг постор за вработените во центарот. Освен децидното неприфаќање на одлуката, ќе понудиме и предлози и здрави решенија во интерес на вработените, но и на пациентите,се наведува во соопштението до медиумите.
Comments are closed for this post.