Македонецот Сашко Богески кој на 21 Мај 2013 година уби крадец во неговиот дом во Белград е ослободен со правосилна одлука. Апелацискиот суд во Белград го ослободи Богески кој пред четири години со нож во самоодбрана го уби крадецот Владимир Мандиќ. Во Јуни истата година беше пуштен да се брани од слобода.

Обвинителството како што пишува Блиц го товареше Богески за употреба на прекумерна сила во самоодбрана, но судот сметал дека делувал во самоодбрана која ислучува кривично дело.

Мандиќ пред упадна во станот на Богески во Белград и го нападнал Сашко со шрафцигер. Сашко се бранел со ножот и во судирот го пробол Мандиќ кој ранет избегал од станот, но по 400 метри паднал и починал.