Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин во рускиот град Сочи. Состанокот, се очекува да биде продолжение на разговорите од самитот во Иран, минатата недела, за време на кој Путин го отфрли предлогот на Ердоган за целосен прекин на огнот во Сирија.
Во близина на турската граница во северозападниот дел на Сирија, Идлиб е последното преостанато упориште на бунтовниците по седумгодишна катастрофална граѓанска војна во земјата.
Додека сириските државни сили беа подготвени да го нападнат Идлиб, Русија ги обвини милитантите за спроведување напади и наведе дека подготвува хуманитарни коридори за евакуација на цивилите.
Comments are closed for this post.