Демонстрантите во Албанија бараат оставка од Еди Рама и техничка влада. Ви звучи ова познато? Онесувањето на албанските демонстранти е идентитчно како во моментов во Србија како и во Македонија за време на Шарената револуција!.

Во Македонија повод беа прислушуваните разговори, во Србија владеењето на Вучиќ.Во Албанија  протестите се поради  екологија а сега се бара и  преодна влада, уставни измени но и оставка од премиерот Рама.

Меѓу клучните барања се уставните измени што би гарантирале еднаквост за сите граѓани пред законот, кои потоа би биле потврдени на референдум. Демонстрантите бараат и ограничување на мандатот на премиерот на максимум два мандата, како и укинување или поништување на одредени законски иницијативи, вклучувајќи измени на законот за заштитени подрачја и законот за културно наследство.

Организаторите исто така предложи усвојување на „нов општествен договор“ меѓу граѓаните и државата, кој би се составил преку консултации со експерти, интелектуалци и граѓани.