Македонија втора во Европа по број на пациенти кои боледуваат од хронична опструктивна белодробна болест, скратено ХОББ. Пушењето и пасивното пушење кај непушачите се главна причина за болестите, но и секое аерозагадување е потенцијално опасно, истакна д-р Дејан Докиќ директор на Клиниката за пулмологија, кој воедно појасни дека болеста се карактеризира со тешко дишење, кашлање и малаксаност.
Многу е тешко да се докаже причинко поледичната врска помеѓу аерозагадувањето, поради тоа што се состои од голем број на различни честички, тука имате издувни гасови од автомобилите, плу некој од овие пациенти пушат имаат други фактори кои го провоцираат или го нарушуваат здравјето. Многу е тешко да се каже дека токму од аерозагадувањето се овие смртни случаи, појасни доктор Докиќ
Болеста кај нас е застапена кај околу 5 проценти од населението. Во 2017 година на Клиниката за пулмоалергологија се примени 2800 пациенти болни со ХОББ, а според податоците добиени до вчера, годинава има 2700 ново пријавени пацинти, што укажува на благ пораст на оваа болест.
Тоа што охрабрува истакна пулмологот Докиќ е што годинава има намалување на бројот на пациенти кои повторно се вратиле на клиниките да се лекуваат.
Претседателот на Македонското респираторно здружение, Марија Здравеска на одбележувањето на Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест – 21 Ноември, рече дека аерозагдувањето е главна пречка за болеста и посочи дека Македонија е меѓу највисоко рангираните земји во Европа според бројот на смртни случаи од ХОББ.
Професорот Ангелко Ѓорчев од Клиниката за пулмологија и алергологија кажа дека Македонија е меѓу првите држави во светот по САД и Велика Британија која има донесено Национален консензус за дијагноза и лекување на астма и ХОББ, но во моментов ни главниот ни 20-те регионални центри не се во функција.
Денеска, на некој начин не е во функција. Зошто? Затоа што сега Националниот центар за астма и ХОББ на Клиниката за пулмологија и алергологија не работи. 20-те регионални центри се сведени на неколку регионални центри. Се надевам дека во идниот период сето тоа што сега во последниве години на некој начин е замрено повторно ќе биде обновено, со истиот ентузијазам со кој истото тоа ние го направивме, истакна пулмологот во пензија д-р Ѓорчев.
Повеќе од 400 милиони луѓе во светот боледуваат од ХОББ. Се предвидува дека околу три милиони луѓе годишно го губат својот живот од хронична опструктивна белодробна болест, а оваа бројка се зголемува. Се предвидува дека до 2030 година 4,5 милиони луѓе годишно ќе бидат жртви на ХОББ