Грчките министри за туризам во изминативе десетина години триеле раце заради фактот што се повеќе туристи ја избираат земјата како туристичка дестинација, но под тепихот на еуфоријата, се кријат повеќе слабости, објавуваат некои грчки медиуми.
Истражувањето спроведено од Институтот на асоцијацијата на грчките туристички работници од 2005-2017 покажува 30 проценти намалување на просечно трошење по турист кој дошол во Грција. Од 746 евра во 2005 година, во 2017 година тој паднал до 522.
Едноставно кажано, Грција ја посетуваат се повеќе и повеќе туристи кои трошат се помалку, што според „Економистас“ тоа треба да претставува сериозна загриженост, затоа што туризмот државата го поддржува со стотици милиони евра од инфраструктура до колектирање на отпадот.
Последни на листат по трошење се Бугарите – по 111 евра по човек, па од Македонија – 114 и од Албанија – 229 евра.
За туристите кои доаѓаат од ЕУ падот изнесува 19,1 отсто (од 789 евра во 2005 до 638 евра во 2017). Намален е и нивниот престој – на само девет дена.
За Грција најдобри се туристите од Австралија (најверојатно грчката дијаспора), кои најдолго престојуваат и најмногу трошат (1.218 евра по човек), а потоа се тие од Северна Америка. Од Европа први се Швајцарците, потоа Русите, Французите, Германците и Британците.
Од туристите со понизок стандард се наведени тие од Бугарија, Романија, Турција и од Чешка, додека за чудо во анализата не се спомнуваат Србите.
Comments are closed for this post.