Скоро сите 26.000 жители на Парадајс се во бегство пред огнените јазици, најмалку деветмина не биле доволно брзи и изгореле во своите автомобили, но засега не е можно да се утврди нивниот идентитет, во огромните пожари што беснеат низ Калифорнија.
Властите велат дека 35 лица се водат за исчезнати, пеплосани се 35 куќи. Репортерите сведочат дека Парадајс, на 290 километри североисточно од Сан Франциско, е претворен во огнен пекол.
Поради ширењето на шумските пожари, извршена е евакуација на речиси 160.000 луѓе во целата сојузна држава Калифорнија.
Пожарите избувнаа вчера во раните утрински часови и се шират со огромна брзина. Американскиот претседател Доналд Трамп во меѓувреме вината за огнената катастрофа и жртвите во Калифорнија ја побара во неспособноста на надлежните служби.
There is no reason for these massive, deadly and costly forest fires in California except that forest management is so poor. Billions of dollars are given each year, with so many lives lost, all because of gross mismanagement of the forests. Remedy now, or no more Fed payments!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 10, 2018
Не постои никаква друга причина освен лошиот менаџмент на шумските служби, напиша Трамп на Твитер.
Comments are closed for this post.