Стогодишнината од победата во Првата светска војна денеска во Србија се одбележува со најголемата до сега воена вежба наречена ,,Век на победникот”.
Вежбата се спроведува на десет локации сo учество на 8.000 припадници на Копнената армија, Военото воздухопловство, Речната флота и други единици.
На вежбата се користат 100 тенкови, 100 оклопни борбени возила, 100 артилериски и ракетни систем и 24 авиони и хеликоптери, при што ќе бидат употребени од околу 103 тони боева муниција и средства.
Тема на вежбата е „Подготовка и употреба на сили за реакција на српската армија“.
Централната активност се одржува на полигоните Пештер и Пасуљански ливади, на кои присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Comments are closed for this post.