Со своето однесување по натпреварот со Јувентус, тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, го одбележа четвртото коло во Лигата на шампионите.

Откако неговиот тим во последните четири минути постигна два гола (вториот автогол на Бонучи) и со тоа направи целосен пресврт по водството на „Старата дама“, многу често контроверзниот португалски стратег со раката поставена на уво се упати кон домашните навивачи и почна да ги провоцира и да им ликува.

Тие сите 90 минути од натпреварот ме навредуваа мене и моето семејство, па сакав да им дадам можност да ги слушнам уште малку – Мурињо го објасни својот потег по завршувањето на мечот.


Резултати од натпреварите во Лигата на шампионите

Јувентус – Манчестер јунајтед  1:2

Валенсија – Јанг Бојс  3:1

Викторија Плзен – Реал Мадрид  0:5

ЦСКА Москва – Рома  1:2

Баерн Минхен – АЕК  2:0

Бенфика – Ајакс  1:1

Манчестер сити – Шахтјор  6:0

Лион – Хофенхајм  2:2