Центарот на Мајами хит беше блуску до историски подвиг, но на дуелот против Сан Антонио му недостасуваше еден блок за да има трипл-дабл учинок со поени, скокови и блокови.

Сепак, отсуството на тој блок не ја намалува неверојатноста на неговиот настап со оглед на тоа што Вајтсајд мечот го ззаврши со 29 поени, 20 скокови и девет блокади.

Вајтсајд го најави својот перформанс уште од самиот старт, па така, веќе во првата четвртина имаше дури седум блокади, а до дабл-дабл стигна на четири минути до полувремето.

Што е уште поважно за Вајтсајд и за неговите соиграчи, Мајами дојде до триумф од 95-88, што за „жешките“ е петтата победа во 10 одиграни натпревари.

Резултати од синоќешните натпревари

Мајами – Сан Антонио  95-88

Орландо – Детроит  96-103

Индијана – Филаделфија  94-100

Сакраменто – Торонто  105-114

ЛА Лејкерс – Минесота  114-110

Кливленд – Оклахома сити  86-95

Мемфис – Денвер  89-87

Њу Орлеанс – Чикаго  107-98

Јута – Далас  117-102

Атланта – Њујорк  107-112