Црна Гора дневно во просек ја напуштаат 10 граѓани, соопшти портпаролот на Социјалистичката народна партија Милош Рајковиќ.
Во изјава за медиумите, тој наведува дека Црна Гора од почетокот на деведесетите до 2011, ја напуштиле 40.000 граѓани. Рајковиќ рече дека трендот на напуштање на земјата продолжил до 2016 година, за што намален е бројот на граѓани за уште 10 илјади.
Статистичките податоци моментално покажуваат дека секој ден во просек 10 луѓе ја напуштаат земјата во желбата за подобар живот.
Тоа не е изненадувачки во земја во која сивата економија царува, каде околу 40.000 работници работат без знаење на институциите и без да бидат внесени во правна рамка, каде тонеме во долгови, каде на повеќе од 25.000 вработени не им се исплатува осигурување, истакнува Рајковиќ.
Според некои проекции на ОН, во Црна Гора до крајот на 2050 година ќе живеат околу 50.000 жители помалку отколку денеска, наведува Рајковиќ и додава дека проблемот лежи во невработеноста.
Comments are closed for this post.