Премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Кирил Петков од вчера се во Рим. Поводот е ист , а тоа е одбележување на денот на словенските просветители Кирил и Методиј.
Но, за разлика од минатите години кога македонска и бугарска делегација заедно се поклонува на гробот на Св.Кирил вчера не беше така.
Ковачевски и Петков оделно оддадоа почит и тоа отвори нови прашања за тоа дали има ли нема договор за Светите браќа. Иако беше објавено од претходно дека Кирил и Методиј се едни од личности за кои е направен компромис, содржината на договореното никогаш не е објавена што остава простор за сомнеж.
Дали можеби причината што нема заедничко поклонување е објавата за посетата на Петков во бугарските медиуми каде тој говори за „старобугарската култура која ги формирала останатите словенски и е сврзувачка за европската цивилиција“.
Во таа насока оди и фактот што во 2020 година Бугарија го прогласи 24 мај во ден на бугарското образование, Кирил и Методиј бугарски просветители, а пак кирилицата ја нарекоа бугарска азбука.
Минатите години пред гробот на Св. Кирил заедно се поклонија Заев и Борисов како и Радев и Пендаровски. Бугарскиот претседател дури дојде во Скопје да го собере нашиот со авиончето и заедно продолжија кон Рим.
Дека односите меѓу Скопје и Софија повторно се на климави нозе покажува и стравот на Петков дека може да му падне владата ако попушти за милиметар по прашањето за Македонија како што му порача партијата на шоуменот Слави Димитров.“Има таков народ“ му порача дека ќе биде поранешен премиер и затоа сега Петков бара од претседателот Радев Советот за национална сигурност.
Решението не може да биде само на владејачката позиција туку треба да биде заедничка национална позиција. За последните шест месеци се случија многу работи, разговори, беа разменети идеи, службите имаат многу информации да споделат.Проблемот со соседот не може да биде решен самостојно, тоа е национално прашање и имаме потреба од заедничко решение-изјави вчера Петков.
Comments are closed for this post.