Бугарското Министерство за надворешни работи денеска излезе со ново соопштение во кое реагира дека во С.Македонија се поттикнува антибугарско расположение од политичари и јавни личности кои за таа цел ја злоупотребуваат руската воена агресија во Украина.
-Во врска со низата провокативни и злонамерни антибугарски коментари изминатите неколку дена од страна на политичари и јавни личности во Република С.Македонија, Министерството за надворешни работи изразува загриженост дека злонамерната кампања против нашата земја има за цел да поттикне антибугарско расположение. Уште позагрижувачки е што се прават обиди за намерна злоупотреба на трагичните настани во Украина како резултат на руската воена агресија. Сметаме дека ваквите цинични обиди мора категорично да се отфрлат. Никој нема право да ја злоупотребува трагедијата на украинскиот народ на таков арогантен и непринципиелен начин, се вели во соопштението.
Во соопштението натаму се вели дека ваквата кампања може негативно да влијае врз позитивните трендови што се забележани во политичкиот дијалог во последните месеци.
Comments are closed for this post.