Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија денеска преку соопштение најостро го осуди вчерашниот инцидент во Тетово предизвикан од страна на припадници на навивачката група „Балисти’’, од МВР пак соопштија дека работат на случајот со цел комплетно расветлување и финално заокружување со изготвување на соодветни поднесоци против инволвираните лица.
На објавените видеа од случувањата на тетовските улици на 4 ноември 2018 година, се слушаат песни и извици, каде е забележан говор на омраза и повикување на насилство, по што следело и извршување на дело од омраза, односно фрлање со камења и шишиња врз кафуле полно со гости, наведуваат од Хелсиншкиот комитет.
Од МВР денеска се огласија со соопштение во кое наведуваат дека раководството на СВР Тетово, денеска (5 ноември) оствари средба во Основното јавно обвинителство Тетово за целосно расчистување на случаите од 3-ти и 4-ти ноември, во кои непосредно биле инволвирани членови на навивачките групи „Војводи“ и „Балисти“ од Тетово.
Се огласи и министерот Спасовски, рече дека МВР ги презема сите потребни мерки во врска со вчерашниот инцидент со навивачите во Тетово.
За навивачите кои скандираа националистички пораки во Тетово, во рамки на СВР-Тетово се преземаат мерки и во делот на едната или другата група. Денеска дадовме посебна задача во делот на превенцијата за да работиме со двете навивачки групи. Не смееме да дозволиме нивните конфликти, кои изобилуваат со таков говор на омраза да бидат секојдневие во Република Македонија, порача Спасовски.
На социјалните мрежи вчера беа споделувани видеа на кои се слушаат песни и извици од припадници на навивачката група „Балисти”, каде е забележан говор на омраза и повикување на насилство.
Само љубов луѓенца!!!
Кој го пушти во Тетово соживотот на најјако??? pic.twitter.com/qwsxFTeWJx— patkarka (@patkarka) November 4, 2018
Comments are closed for this post.