Maкедонците од Бугарија му одговорија на бугарскиот премиер Кирил Петков кој рече дека не македонско малцинство во неговата земја не постои.
Тие го прашуваат колку ли е апсурдно чувството да се кажуваат очигледни лаги во кои никој освен измамените граѓани на Бугарија не верува?
Според „Омо Илинден Пирин“,прогонот и асимилацијата врз македонското малцинство беше првиот преродбенски процес што го започна Тодор Живков и единствениот кој се уште не е запрен или осуден. Според нив , ова е последната тоталитарна политика во ЕУ и како таква е бугарски срам за Европа.
Негирањето на македонското малцинство во Бугарија е срам за бугарската држава и демократија.За жал, во Бугарија лагата е претворена во национално достоинство, беззаконието во ред, кршењето на човековите права во морал, асимилацијата и дискриминацијата во животни работи, колку побрзо Бугарија се ослободи од лагата дека ги немаме останатите наши свети лаги за Македонија и Македонците, толку подобро ќе биде и за неа и за сите граѓани на Бугарија и на Балканот.На премиерот му посакуваме брзо закрепнување од овој срам и од оваа болест! Вакцина против тоа е вистината. Друго нема-велат од организацијата на Македонците во Бугарија.
Премиерот Петков утре треба да допатува во официјална посета на Македонија.
Comments are closed for this post.