Од ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите испратија прашање до владејачката СДСМ, дали причина за зачестените пожари на објекти во кои се сместени државни институции е уништување на документацијата?
Утринава се случи четврти пожар во државна институција. Пожарот во ЈП Улици и Патишта доаѓа по низата пожари во државни инстутуции, како СЕП, Инспекторатот за Животна средина, министерството за правда. Во сите четири институции запалени меѓудругото се и документи од институциите – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија прашуваат дали пожарите се намерно подметнати.
СДСМ пироманска да одговори дали ваквите пожари не се дел од смислено сценарио за уништување на документација, за можен криминал во работењето на овие институции – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.