Младите на Балканот тешко доаѓаат до работа, а корона кризата придонесе тоа да стане уште потешко. Затоа мора да се креираат политики за подобрување на вработеноста кај младите но и потикнување како самите да бидат конкурентни на пазарот на трудот.
Македонија, но и другите земји од регионот се далеку од еврпопскиот просек кога станува збор за т.н „ Youth participation index “, покажуваат податоците кои беа презентирани на конференцијата во Тирана „Policy forum empoyouth“.
Само 3,37 од младите Македонци се вклучени во политиката како министри, заменици, градоначалници. За споредба, европскиот просек е 43.5 посто.
Ништо подобро не е ни кога станува збор за економонската димензија. Тука само 5,2 од младите се вклучени.
Сиромаштијата исто така е голем проблем.Според истражувањата, четвртина од вкупниот број на млади се сиромашни. 3о проценти пак од младите во Македонија се невработени.
Слично е и во другите земји од регионот. Ана Кошал од Фондацијата „Ана и Владе Дивац“. Таа вели дека младите во Србија не се заинтересирани да слушнат што им нуди општината каде што живеат туку имаат цел да станат дел од општината.
Младите во регионот не знаат што општината може да направи за нив туку сонуваат да бидат вработени во истата општина-оценува Кошал.
Comments are closed for this post.