На средбата на врвот во Брдо, претседателот Макрон лично се ангажираше со планот 5+1. Фрација продолжува да игра многу конструктивна и инклузивна улога. Убеден сум дека француската дипломатија би го поддржала секое заемно прифатливо решение за Софија и за Скопје ако тоа се случи во првите недели на новата година. Самиот факт што за време на француското претседателство ќе се одржи средба на врвот ЕУ-Западен Балкан, нешто што првично не беше предвидено, покажува еден долгорочен ангажман кон регионот.

Претстојните избори во Франција, како и прашањата за стратешката автономија и претворањето на ЕУ во голема дигитална сила ќе го поместат фокусдот од проширувањето. Со евентуалниот реизбор на претседателот Макрон и со проевропските влади во Германија, Холандија и Италија може да биде постигнат нов развој во европската интеграција.

Ова меѓу другото го истакнува во денешното интервју за софиски „24 часа“ бугарскиот европратеник и специјален известувач за Македонија, Илхан Ќучук.

Ваквата изјава на Ќучук целосно ја разголува власта и уште еднаш ја фаќа во лага со нејзините тврдења за постоење некаков посебен француски предлог за симнување на бугарското вето за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

Очигледно, сопругата на пратеникот Кастриот Реџепи слушнала само обична лага на власта, иако многу добро знаела дека работите не стојат баш така како што таа ги претставуваше пред јавоста.

Француската дипломатија, според Ќучук, била подготвена да интервенира ако Скопје и Софија постигнале заемно прифатливо решение за „патната карта“ 5+1. Но, откако бугарскиот претседател Румен Радев побара конкретни резултати во дијалогот, пред се со ставањето на македонските Бугари во Уставот, очекувањата на власта за евентуално решение во јануари се распукаа како меур од сапуница. Што значи дека и јануари залудно се чека и таквата теза претставува чиста манипулација со домашната јавност за некаков евентуален пресврт во ситуацијата.