За над 70% отсто од Бугарите е поважно да се средат односите меѓу Скопје и Софија, отколку патот на Скопје кон Европкста унија. Овие податоци се од најновата анкета на Галуп интернешнл Балкан, што ги пренесува агенцијата БГНЕС. Истражувањето е спроведено „лице в лице“ во периодот меѓу 25 ноември и 3 декември на 803 полнолетни Бугарија.
Дури 71,1% од Бугарите прифаќаат дека е најважно да бидат средени односите на РС Македонија со Бугарија и оти не е толку важно дали РС Македонија ќе стане членка на ЕУ. Обратни мислат само 7,5%, додека останатите 21,4 проценти се двоумат.
Малку повеќе склони да ги игнорираат проблемите во односите со Македонија се претставници на најмладата возрасна група и луѓето со пониско образование. Но, и кај нив делот кој ја поддржува опцијата Македонија да стане членка на ЕУ, независно од односите со Бугарија, не надминува една десетина.
Најцврсти во ставот дека е најважно да бидат средени односите меѓу двете држави, а не толку дали Македонија ќе се обедини во ЕУ, е возрасната група над 45 години и жителите на Софија.
Истата агенција и во текот на летото оваа година го провери јавното мислење за ветото на Бугарија за пристапувањето на Македонија во ЕУ. И тогаш, во јуни, 70% од испитаниците во телефонската анкета одговорија дека во спорот со Македонија, Бугарија не треба да го подигне ветото, 19,3 проценти го сметаа спротивното, а една десетина изрази двоумење.
Comments are closed for this post.