Заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој е вториот што денеска го стори тоа, претходно кандидатура поднесе и поранешната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски.
Ковачевски во изјава за медиумите пред седиштето на СДСМ, рече дека цел му е да се врати единството во партијата и во општеството. Со кандидатурата е поднесена и неговата програма насловена „Заедно, одговорно и посветено“.
Програмата ја базирал на три столба: социјал-демократска визија, јасни социјал-демократски вредности од кои извираат вредностите на работењето, потоа економски раст, и трето фер шанса и јасен систем со одговорности во кој најдобрите ќе добијат шанса за унапредување на системот.
-СДСМ поминува низ еден предизвик. Секој член на партијата е значаен, секој треба да го каже својот глас кој ќе биде слушнат, и ќе се увери секој дека партијата работи во насока на унапредување и на партиската демократија и организација и на животниот стандард и на општеството воопшто, рече Ковачевски.
Comments are closed for this post.