Организацијата за граѓански активизам и независност, која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување поврзано со претстојните локални избори во Република Македонија, кои ќе се одржат на 17-ти октомври 2021-ва година.
Резултатите од ова истражување покажуваат дека од кандидатите за градоначалник на Град Скопје, најголема доверба граѓаните имаат во Данела Арсовска. За неа се изјасниле 19.3% од испитаните граѓани.
Зад неа е актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат на СДСМ, Петре Шилегов. На истражувањето, за него се изјасниле дека ќе гласаат 17.4% од граѓаните кои учествувале во анкетата.
Comments are closed for this post.