Покрај за водачот на Шкаљарскиот клан Јовица Вуковиќ за кој Заев рече дека не знае кој е, премиерот вчера даваше нелогични одговори и за друг криминалец, Седат Пекер од Турција.Заев трди дека не е точно оти Пекер има македонски пасош и лична карта.

Има издадено фалсификат кој фатен од страна на МВР и е поништен.Maкедонскиот пасош е светост и се знае по кој закон може да го добие. Фалсификуван е од страна на Пекер, тој беше избркан од страна на државата-објаснуваше Заев.

„Пресинг ТВ“ прашува како е можно да се поништи фалсификат пасош на било кој, па дури и на Пекер. Фалсификат е фалсификат насекаде во светот, освен очигледно во Македонија.

Но, вистината е друга. Пекер има сосема легитимен македонски пасош на име Џадин Адемовски. Вистинскиот Џадин живее во Чаир и веројатно никогаш не извадил патен документ и затоа е избран неговиот идентитет и ставена фотогафија од Пекер за која тој сосема нормално и без криење се сликал во полициската станица во Драчево.

Затоа не држат вода оправдувањата на Заев дека документите на Пекер се поништени од страна на МВР.

Она што е јасно е дека Пекер неколку години слободно престојуваше во Македонија па дури имаше и обезбедување. Тој се шеташе на Матка, по кејот, а се среќаваше и со луѓе од владејачката коалиција.

Врвот беше кога Пекер откри дека лично се познава со премиерот Заев и оти бил во неговиот дом.

Го познавам македонскиот лидер, сум бил дома кај премиерот-велеше Пекер