Фондацијата „Македонија“ ќе испрати писмо до претседателот на Народното собрание и до претседателот на државата со цел, да се воведат промени во Законот за бугарско државјанство, пишуваат бугарски „Факти“.
-Да им се одземе бугарското државјанство на оние лица, кои во С.Македонија се декларирале со различна етничка припадност од бугарската, а имаат добиено бугарско државјанство врз база на етничката свест како Бугари. Тоа е прикажување на невистините информации пред службите и органите на Бугарија, изјави за БНР, Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“.
Според него, Бугарија прави клучна грешка во текот на последните 30 години, а во врска со почетокот на пописот Стојанов вели:
-Јас секојдневно работам со илјадници луѓе од С.Македонија. Вчера имав над 50 разговори, зашто почна официјалното пребројување. Попишани се 91.681 лица. Според мои внатрешни информации, како Бугари се изјасниле само 72 лица. Многу важно е да се каже дека има 130.000 илјади бугарски државјани од С.Македонија, кои добиле бугарско државјанство врз основа на бугарското потекло и декларираната бугарска етничка свест заверени на нотар. Поголем дел од тие 130.000 лица веројатно не живеат во С.Македонија и нема да учествуваат во пописот, а тие што живеат таму имаат законска обврска да се попишат како Бугари.
Comments are closed for this post.