Целата акција на внесување на српските великодостојници во манастирот на Цетиње траела не повеќе од десет минти.Тоа значело слетување на леталото, пробивање низ барикадите и правење на жиз зид.

За секој случај покрај леталото во кое биле Јоаникије и Порфирије имало уште два хеликоптери кои требало да залажуваат траги.

Приврзаниците на Мило Ѓукановиќ планирале хеликоптерот да го разнесат со зоља.Целата акција била изведена во голема тајност.

Знаеле само неколкумина специјалци а ја раководел Петар Кнежевиќ, раководител на Противтерористичката единица на Црна Гора.