Иако сите кои поминале низ Авганистан велат дека се загрижени за човековите прва во Авганистан, причината е сосема друга. Би-би-си направи истражување како низ годините се зголемувале полињата за производство на опиум.
Производството на опиум сочинува 11 проценти од економијата на земјата.
Што рекоа Талибанците дека ќе направат со опиум?
Откако Талибанците ја вратија контролата врз Авганистан кон средината на август 2021 година, портпаролот Забихула Муџахид рече:
Кога порано бевме на власт, немаше производство на дрога. Повторно ќе го доведеме на нула одгледувањето опиум и нема да има шверц .
Која е историјата на Талибанците во врска со дрогата?
Одгледувањето опиум афион значително порасна под власта на Талибанците – од околу 41.000 хектари во 1998 година, на повеќе од 64.000 до 2000 година. Ова најчесто се случуваше во провинцијата Хелманд, контролирана од Талибанците, која учествуваше со 39 проценти од светското недозволено производство на опиум.
Во јули 2000 година, Талибанците забранија одгледување афион во области што ги контролираа.И извештајот на Обединетите нации од мај 2001 година забележа „речиси целосен успех во забраната на одгледување афион во областите под контрола на Талибанците“.
По забраната на Талибанците за одгледување афион, имаше забележителен пад на заплените на опиум и хероин ширум светот во 2001 и 2002 година.
Сепак, работите се сменија оттогаш и повеќето и повеќето региони за одгледување афион беа концентрирани во области што беа во рацете на Талибанците.
На пример, провинциите Хелманд и Кандахар во јужен Авганистан имаа најмногу земјиште што се користеше за одгледување афион во 2018 година, под контрола на Талибанците.
Како Талибанците заработуваат од афион?
Одгледувањето опиум е главниот извор за вработување во Авганистан – речиси 120.000 работни места беа обезбедени со жетвата на опиум во 2019 година
Според американскиот Стејт департмент, Талибанците заработуваат преку даноци за посевите на опиум и индиректно преку преработка и трговија.
Данокот за одгледување опиум е 10 проценти.
Даноци се наплатуваат и за лабораториите кои го претвораат опиумот во хероин, како и за трговците со луѓе кои шверцуваат недозволена дрога.
Проценките за годишното учество на Талибанците во илегалната економија со дрога се движат од 100 до 400 милиони долари.
Илегалната дрога сочинува 60 проценти од годишниот приход на Талибанците, според американскиот специјален инспектор за обнова на Авганистан.
Каде завршува дрогата?
Опиум хероинот одгледуван во Авганистан сочинува 95% од пазарот во Европа.
Сепак, само еден процент од хероинпт доаѓа во Америка од Авганистан, според американската Агенција за борба против дрога а повеќето доаѓаат од Мексико.
Comments are closed for this post.