Бугарската техничка влада го прифати проектот за тристрана спогодба за подарок на вакцини против Ковид-19 меѓу Бугарија, С.Македонија и „Фајзер/Бионтех“, како и проектот за двострана спогодба за подарок на вакцини меѓу двете држави како основа за водење преговори.
Проектите на спогодбите предвидуваат Бугарија да и подари на С.Македонија 51.480 дози од вакцината Comirnaty.
Со спогодбите е предвидено сите трошоци за доставување на вакцините да бидат преземени од С.Македонија, пишува софиски „Дневник“.
Comments are closed for this post.