Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски ја прашува власта дали командирот од Прилеп викан Чипсио кој американската ДЕА го фати со дрога е пуштен во домашен притвор?

Стварно ли Чипсио, Кире Спиркоски, оној прилепскиот прв полицаец фатен во акција на ДЕА во транспорт на дрога со шоферот на мафијашите од Муртино е пуштен во домашен притвор, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

 

Затоа ли е тегавењето во Општина Прилеп за назначување нов командир, затоа ли одлуката на Советот не се потпишуваше? Зоран Заев, Оливер Спасовски, Бојан Маричиќ , можете ли ова да го потврдите?
За информација на граѓаните, не за мене! Јас ве знам што картел сте, им порача Стоилковски.