Хеликоптери од Србија, пожарникари од Словенија, противпожарни возила од Бугарија.Вака деновиве изгледа состојбата со пожарите во Македонија. Гори во речиси цела држава а власта по којзнае кој пат покажа дека не е способна да се справи со оваа состојба.
Справувањето за Заев подразбира молење и питачење кај соседите кои не сите имаат хумана намера и тоа ќе го искористат за политички поени.
Тоа пред се се однесува за Бугарија која пожарите во Пехчево и Делчево ги гасне со телевизиски екипи.
Но, ако некому сакаш да помогнеш и да бидеш хуман за тоа не треба да се фалиш ниту да го споменеш.
Србија ведаш прати четири хеликоптери кои гаснат на северот на земјата а за тоа не слушнавме никако фалење од српските власти.
Но, Македонија не смее да си дозволи од никого да моли за помош туку треба со пожарите да се справиме со сопствени капацитети.
Но, тоа не се прави со оние т.н „Фапови“ за миење на улици кои се народски кажано од времето на Тито со кои храбро се тргна во гаснење на огнот пред граничниот премин „Богородица“.
А до пред само четири-пет години Македонија имаше авиони за гаснење на пожар наречени „Ер трактори“. Трите Канадери беа набавени од Шпанија, но по доаѓањето на власт на Заев тие беа оставени да скапуваат и несервисирани.
Заев на Илинден кога беше во Кочани рече дека уште утре ќе биде донесена одлука за сервисирање на авионите. Не треба ни да спомнуваме дека поминаа неколку денови и седница на влада, но таква одлука не беше донесена.
Comments are closed for this post.