Актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук профил коментираше за доделените награди на пожарникарите, пожарите, и актуелната ситуација воопшто.

Само 10 илјади денари награда за пожарникарите кои ризикуваат животи кога влегуваат во онакви пожари, каде мала непредвидлива промена на ветер може да биде фатална по нив. Да немаат време да сфатат што се случило, а веќе да се мртви.

Десет илјади денари!!!!

Барем по сто илјади денари да им дадевте на луѓето, да ги покријат сите неплатени сметки и да го однесат семејството три дена на езеро.

Колку вие поделивте за патни трошоци месецов?

Колку бе?

Десет илјади денари награда за некој кој влегува во оган, да спасува луѓе, животни, еко системи…

Со десет илјади денари може да влезе еднаш во гнаснине супермаркети со супер високи цени и да купи храна за семејството за две недели. Толку.

А вие неспособни едни ќе се шеткате во белите кошулчиња и ќе се сликате за фејсбук додека на десет километри зад вас гори…

Само вашите животи вредат така?

По процентот од тендерите, по платите и дневниците ваши се гледа тоа.

Видовме колку ве заболе за другото.

Не гаси Србија.

Не вакцинира Србија.

Останатите не подебнуваат… Јако.

Стојанче го спасил Кочани??? Он пратил хеликоптери. Чии хеликоптери пратил? Оние на Србија, така? Добро е што постои Вучиќ, за полесно да ја видиме вашата неспособност на дело.

И дај изложете го фапчено во археолошки музеј, одма до мумијата. Одморете го. Пензионирајте го. Греотка е. Старо куре вода не држи.