Тој е најбараната личност во Турција и голем противник на претседателот Ердоган. Пекер се криеше во неколку земји, ОЕА, Косово но најдолго се задржа во Македонија каде имаше статус на ВИП гостин. МВР го чуваше со обезбедување, кога одеше на „службени“ посети имаше ротациски возила, т.н флешери.
Остваруваше средби со луѓе од власта а се пофали и дека бил дома кај премиерот Заев иако за тоа немаше потврда.
Но, она за што имаше потврда е дека Пекер доби македонски документи и стана Џадин Адемовски. Пекер без никаков проблем отишол во полициската станица во Драчево за да се слика за исправа. Потоа накратко бил протеран на Косово но по неколку недели без никаков проблем се враќа во Македонија да си го подигне документот.
По Пекер е снимена серијата „Долина на волците“, а главен „бизнис“ му е троговија со оружје и дрога.
Comments are closed for this post.