На 28 ноември 2018 година во 12,35 часот во една од канцелариите на управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи влегол и познатиот разбојник Адмир Муратај, потпишал барање за издавање нов македонски пасош, се фотографирал, оставил отпечаток од прст и за два дена станал македонски државјанин со украден идентитет на Пајтим Муча, објави „МКД.мк“.

Пред да дојде во Македонија по Муратај имало веќе распишана меѓународна потерница од Интерпол Атина за убиство на полицајци, вооружени грабежи, употреба на експлозиви. На Муратај ова му било 15-от документ со лажен идентитет.

Адмир во 2019 година учестуваше во големиот грабеж на аеродромот во Тирана каде беа украдени 10 милиони евра.