Две деца се убиени, а 16 лица се повредени во напад со нож во градинка во градот Беилиум на југот на Кина, јави кинеската државна новинска агенција Синхуа.
Четиринаесет од нив се со полесни повреди, додека две лица ќе треба да бидат оперирани.
Градинката во која се случил инцидентот се наоѓа во регионот Гуангкси.
Полицијата уапси 24-годишен маж, кој е осомничен за нападот, а истрагата е во тек. Други детали засега не се познати.
Нападите со нож не се невообичаени во Кина, бидејќи има строги закони кои ограничуваат поседување огнено оружје.
Минатата година чувар во училиште повреди 40 лица со нож во округот Кангву во истиот овој регион.
Вакви смртоносни напади во училишта во Кина имаше и во текот на изминатите години, што беше причина за зајакнување на безбедноста.
Нападите во најголем дел ги извршила лица со ментални болести.
Во април 2018 година, девет ученици од средно училиште беа убиени, а 10 повредени во напад со нож пред училиште во северозападната провинција Шанкси.
Само неколку месеци подоцна, жена со кујнски нож нападна деца пред влезот во градинка во кинескиот југозападен град Чонгкинг, при што беа повредени 14 лица.
Во 2014 година, најмалку 33 лица беа убиени и над 130 повредени во напад на железничката станица Кунминг во југозападната провинција Јунан, кој кинескиот претседател Си Ѓинпинг го нарече терористички напад.
Comments are closed for this post.