Фирмите од туристичко-угостителската дејност од пред Министерството за финансии денеска побараа државата да им обезбеди финансиска помош бидејќи, дел од нив подолг временски период се затворени, а дел ја намалиле работата и за повеќе од 80 отсто.Најавија дека ќе протестираат секој ден додека не бидат исполнети нивните барања.
– „Ќе можете ли“ да одговрите на барањата и да ни ја обезбедите поддршката која ни е потребна.Бараме еднократна финансиска помош во вид на грант за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во три категории врз основа на големината на бројот на вработени во 2020 година и еднократна финансиска помош во вид на грант за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, и кои со месеци немаат никаква помош.Се бара и утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, се додека не дозволи владата работа без рестрикции – рече Мартин Ангеловски од Туристичко-угостителскта комора на Сојузот на стопански комори..
И од рестораните за организирање забави побараа усвојување на протокол за организирање на настани и финансиска помош.
-Ние имаме забрана за вршење на нашата примарна дејност 14 месеци, а не маме ограничување на дејност туку забрана. Повеќе од една година бараме утврдување на проткол за работа по пример на соседните земји. Бараме и финансиска поддршка во вид на грант за целиот период додека сме под забрана за вршење на нашата дејност. досегашната помош е минимална. Ќе можете ли да им дадете објаснување на идните младенци – рече Маја Бабиќ, претседателка на Асоцијацијата ИВАП.
Ситуацијата во туристичките агенции е многу лоша и не се знае кога тие ќе можат да работат, велат од туристичкиот сектор.
– Можете ли да дозволите дејноста како туризмот да се затворите. Бидејќи немавме редовна помош и затоа дел од агенциите затворија, а што се случува со вработените кои останаа без работа. затоа бараме помош за опстанок на туристичките агенции – рече Ана Марија Алексова.
Игротеките и туристичките водичи кои не работат континуирано 14 масеци побараа помош од владата за да опстанат.
Од туристичко угостителската комора најавија дека протестот ќе трае до исполнување на барањата.
Comments are closed for this post.