Фирмите од туристичко-угостителската дејност од пред Министерството за финансии денеска побараа државата да им обезбеди финансиска помош бидејќи, дел од нив подолг временски период се затворени, а дел ја намалиле работата и за повеќе од 80 отсто.Најавија дека ќе протестираат секој ден додека не бидат исполнети нивните барања.

– „Ќе можете ли“ да одговрите на барањата и да ни ја обезбедите поддршката која ни е потребна.Бараме еднократна финансиска помош во вид на грант за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во три категории врз основа на големината на бројот на вработени во 2020 година и еднократна финансиска помош во вид на грант за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, и кои со месеци немаат никаква помош.Се бара и утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, се додека не дозволи владата работа без рестрикции – рече Мартин Ангеловски од  Туристичко-угостителскта комора на Сојузот на стопански комори..

И од рестораните за организирање забави побараа усвојување на протокол за организирање на настани и финансиска помош.

-Ние имаме забрана за вршење на нашата примарна дејност 14 месеци, а не маме ограничување на дејност туку забрана. Повеќе од една година бараме утврдување на проткол за работа по пример на соседните земји. Бараме и финансиска поддршка во вид на грант за целиот период додека сме под забрана за вршење на нашата дејност. досегашната помош е минимална. Ќе можете ли да им дадете објаснување на идните младенци  – рече  Маја Бабиќ, претседателка на Асоцијацијата ИВАП.

Ситуацијата во туристичките агенции е многу лоша и не се знае кога тие ќе можат да работат, велат од туристичкиот сектор.

– Можете ли да дозволите дејноста како туризмот да се затворите. Бидејќи немавме редовна помош и затоа дел од агенциите затворија, а што се случува со вработените кои останаа без работа. затоа бараме помош за опстанок на туристичките агенции  – рече Ана Марија Алексова.

Игротеките и туристичките водичи кои не работат континуирано 14 масеци побараа помош од владата за да опстанат.

Од туристичко угостителската комора најавија дека протестот ќе трае до исполнување на барањата.