Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска на прес конференција посочи дека ќе бидат овозможени 50 илјади бесплатни ПЦР тестови за странските туристи како дел од шестиот пакет економски мерки.

„Во очекување на престојната туристичка сезона и како дополнителна поддршка и помош за домашната туристичка, а со тоа и угостителска дејност ќе се овозможи бесплатни 50 илјади ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во нашата држава.“, вели Битиќи.