Претседателот на Србија Александар Вучиќ на состанокот со политичките претставници на Србите од Косово рече дека има сознанија кога ќе се формира косовската војска.

Како што пренесува Б92, тој рекол дека тоа ќе биде одлучено на 28 ноември, кога се одбележува Денот на албанското знаме.

Претседателот на Србија денеска присуствуваше на седница на Владата на Србија со претставници на српското малцинство од Косово и Метохија, која се одржа во Палата Србија, а на кој е одобрен најсеопфатен пакет за помош и поддршка на српскиот народ на Косово во последната деценија.

Вучиќ на состанокот со политичките претставници на Србите од Косово рече дека има сознанија кога ќе се формира војска на Косово

Вучиќ претходно рече дека со Србите на Косово ќе се договара околу тоа како да им помогне во сите сфери на друштвениот живот.

Најави дека ќе ги замоли министрите во Владата на Србија тоа што е ветено на српскиот народ на Косово да се помогне во сите области од инфраструктурни до поддршка и помош во здравството, образованието и инвестициите.