Панос Каменос е „ментално нестабилен“, Диселблум неписмен и нестабилен…а Мицотакис најголема инвестиција на Ципрас. Ова, меѓу другото, го кажа поранешниот министер за финансии, Јанис Варуфакис во една радиоемисија.

Тој во емисијата не пропушти да каже дека е горд што е единствениот кој не дозволил кастрење на пензиите ниту за едно евро, додека за другите изнесе еден куп тешки зборови, но и навреди. Но…

За Панос Каменос рече дека е „ментално нестабилен“. Се осврна и на милијардерот Џорџ Сорос, кој сега во Грција стана актуелна тема. Варуфакис рече дека Сорос е важна личност за повеќе проекти, но оти, како што напишал и во книга, со него не се согласувал околу вмешувањето на Балканот и во Европа. Токму Сорос побарал од Ципрас да ме разреши, рече Варуфакис.