Министерот за здравство Венко Филипче, денеска најави дека до Владата е поднесен предлог за измена на законот за здравствена заштита, со кој се предвидува ограничување на висината на наплата на финансиски средства за пациенти кои се лекуваат од коронавирус.
-Денеска на главниот координативен кризен штаб се дискутираа повеќе работи. Се донесе одлука да се направи измена во Законот за здравствена заштита, со кои на приватните болници ќе се направи ограничување висината на наплата на финански средства за времетраење на кризата, поточно за лекување на коронавирус. Го слушнавме апелот на граѓаните, и веќе утре на владата ќе го поднесеме предлог законот за здравствена заштита, рече Филипче.
Comments are closed for this post.