Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ги усвои извештаите за напредокот на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ.

Европратеникот и известувач за земјава Илхан Ќучук, во изјава на Бугарското национално радио (БНР), истакнува дека документите биле усвоени откако бил постигнат компромис околу Извештајот за Македонија.

Според Ќучук, во Извештајот за земјава била усогласена компромисна формулација дека „добрососедските односи се важен дел од преговарачкиот процес, дека Договорот со Бугарија мора целосно да се спроведе и дека тој игра клучна улога во регионалната соработка“.

Европскиот парламент треба да се изјасни за извештаите за Македонија и за Албанија на пленарната седница закажана за 25 март.