Пукотници ги вознемирија граѓаните на скопската населба Топанско Поле рано утрово, а во престрелката се убиени две лица. Според неофицијалните информации, околу 3 часот утрово со „калашников“ се изрешетени две лица кои седеле во паркирано возило, по што засега непознатите напаѓачи со возило го напуштиле местото и се во бегство.

По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било пронајдено патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки и две лица кои не давале знаци на живот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај двете лица.

Пронајдени се чаури од огнено оружје (пиштол и автоматска пушка). Утврден е идентитетот на лицата А.Б.(28) и Б.В.(24), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, велат од СВР Скопје.