Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски уверува дека системот за попишување од странство е максимално заштитен и не може никој да упадне со лажни податоци.
Кривична постапка ќе биде покрената за секој оној што се обидува да го изманипулира системот, односно да се регистрира како дијаспора од својот компјутер во Македонија, изјави Симовски за „Плусинфо“.
Ова доаѓа откако изутрината неколку програмери посочија дека во системот многу лесно може да се влезе преку користење „VPN“ со што секој кој е во Македонија може да се попише како да живее во странство.
Кривична постапка ќе биде покрената за сите што се обидуваат да приложат лажни податоци во системот. Според член 9 во Законот за попис јасно пишува дека секој оној што ќе уништи, прикрие, оштети или на друг начин ќе стори да бидат неупотребувани внесените податоци во пописната апликација, ќе се казни со затворска казна од најмалку три години. Ги прочитав предупредувањата од програмерите, но можам само да кажам дека лажни податоци во системот не можат да бидат внесени. Некој може да се регистрира и да мисли дека внесол лажни податоци, но всушност самиот систем ќе покаже дека податоците не се веродостојни. Таквите случаи ќе ги регистрираме, бидејќи станува збор за намерен упад во апликацијата, вели Симовски за „Плусинфо“.
Инаку, македонска програмерка открила голема слабост во системот за самопопишување. Објавувајќи во Фејсбук групата „Сојузен комитет на програмери на Република Македонија“ таа посочи дека секое лице кое ќе вклучи VPN може да се попише од Македонија, иако оваа апликација е наменета за македонските граѓани во странство.
-Наидов на грешка во апликацијата за само-попишување наменета за граѓани од дијаспората. Пишувам за да ме исправите ако грешам или да пријавите ако е тоа потребно. Јас која живеам во Македонија, успеав да се само-попишам користејќи VPN. Интернет страната не дозволува да се регистрирате доколку имате македонска IP адреса, но штом инсталирав VPN (бесплатен) веќе немаше ограничувања. Само-попишувањето е не само за дијаспората туку и за секој граѓанин кој во овој период нема да е во Македонија. И така јас одбрав да сум кај нашиот северен сосед, го оставив мојот македонски телефон и без никаков проблем бев регистрирана и го поплнив прашалникот. Не се бараат никакви податоци за адреса од земјата каде што престојувам, а за причина за престој имаше повеќе опции од кои последната беше “Друго” или нешто слично. Ми падна чудно што и во прашалникот кога ја пополнува адресата во Македонија задолжително беше само името на улицата, но не и број, влез, стан, пишува порграмерката.
Comments are closed for this post.