Не требаше многу за да исплива на површина уште еден доказ дека пописот се спроведува прекутрупа. Дека целта на операцијата ни најмалку не е статистичка, потврдува и пропустот да се изработи солидна заштитена апликација за попишување на дијаспорта.

И уште пострашно – за надмудрување не се потребни хакерски вештини.

Програмерка од Македонија објави дека успеала да се попише од дома, во Македонија, така што наместо со ИП адреса од Македонија, се регистрирала со ВПН со адреса од Србија.

Го оставив мојот македонски број и без никаков проблем бев регистрирана и го пополнив прашалникот. Не се бараат никакви податоци за адреса од земјата каде што престојувам, а причина за престој имаше повеќе опции, од кои последната беше „друго“. Ми падна чудно што и во прашалникот кога ја пополнував адресата во Македонија, задолжително беше само името на улицата, но не и број, влез, стан“, пишува корисничката во Фејсбук групата Сојузен комитет на програмери на Македонија.