Нема простор за олеснување на епидемиолошките мерки, изјави денеска министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош и ги повика граѓаните да бидат трпеливи.
Здравјето е на прво место и без тоа, се паѓа во вода. Не смееме да бидеме нестрпливи и да направиме погрешен потег. Сите сме сведоци на она што може да се случи на краток рок, нагласи Берош на прес-конференција на Националниот штаб.
Тој предупреди на мутациите на коронавирусот и новите предзвици, додавајќи дека „нема простор за олеснување на мерките”.
Барош повтори дека епидемиолошките мерки во Хрватска се значително полиберални отколку во другите земји на Европската унија.
Нема полициски час, работат продавници, кина, театри, музеи. Спортските сали се затворени во над 20 земји на ЕУ. Кафулињата се затворени во 24 земји. Ние постојано балансираме, изјави хрватскиот министер.
Директорот на ХИJЗ, Крунослав Чапак, рече дека Хрватска се наоѓа на 19-то место според смртноста на пациентите со Ковид-19, а претходно била на 20-то место.
Comments are closed for this post.