Образованието во Македонија со тандемот Царовска – Заев е во целосен колапс. Ученици немаат елементарни услови за следење на настава, бојкот на матуранти, протести на студенти, руинирани училишта, а Царовска се посвети на ПР со поставување на пластични паравани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението партијата наведува дека деновиве гледаме дека над 70% од матурантите ја бојкотираат наставата и бараат од министерката за се и сешто, Мила Царовска да ги разгледа и прифати нивните барања, но тие добиле само закани и уцени од страна на министерката, директорите и професорите.
Концептот за основно образование, Царовска се уште се обидува да го протуркаат на сила, вклучувајќи и академици со ПР текстови кои по нарачка се пуштаат преку министерството за образование за да ја убедат јавноста колку е добра нивната концепција, а бегаат од јавни расправи и дебати во Собранието за овој проблем со кој сакаат да се укине предметот историја. Веќе 4 месеци откако е почната учебната година, а се уште владата и министерството за образование не успеаја да обезбедат услови за над 20 илјади ученици обезбедувајќи компјутери за да можат нормално да ја следат наставата. Според Царовска Финскиот модел во образованието значи импровизирана наставна програма, руинирани училишта, без дигитализација на образованието. Царовска, исто како и нејзиниот ментор Зоран Заев нема слух за проблемите со кои се соочуваат како учениците, така и студентите и професорите. Со ваков лошо менаџирање во образованието Македонија ќе има уште многу загубени генерации, се наведува во соопштението на партијата.
Comments are closed for this post.