ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе кривични пријави против обвинителите во поранешното СЈО, за кои како што истакна портпаролот на партијата, Наум Стоилковски, во текот на четири години од 2015 до 2019 година противправно си исплаќале надоместоци и додатоци на плата, со што го оштетиле буџетот за 4.6 милиони евра.
Стоилковски потенцира дека 4.6 милиони евра народни пари, без било каков основ си исплатиле Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова, и другите обвинители од СЈО и затоа ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе кривични пријави против сите овие лица.
Овие обвинители сега се распоредени на обвинителски места низ ЈО низ Македонија, и тие иако компромитирани извршуваат обвинителска работа. Оттука бараме да се изврши суспензија на овие обвинители зошто со умисла ги извршиле овие дела, и се стекнале со незаконска имотна корист, притоа оштетувајќи буџетот на државата. Обвинителите сториле низа продолжени кривични дела, и тоа: Злоупотреба на службена должност и овластување од чл. 353 од Кривичен законик, несовесно работење во служба чл. 353 од Кривичен законик, проневера во служба чл. од Кривичен законик, измама во служба чл. 355 од Кривичен законик, потенцира Стоилковски.
Тој вели дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители во декември 2015 година со него е уредено дека вкупниот износ на висината на додатоците не може да изнесува повеќе од 35 проценти од основната плата на јавниот обвинител, додека за висината и начинот за утврдување на додатоците, потребно е јавниот обвинител да донесе посебен акт.
Comments are closed for this post.