Причината за неуспехот и за неможноста Македонија да ги започне преговорите со ЕУ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја гледа во премиерот Заев.
Требаше да добиеме датум за преговори, но добивме вето. Вето, кое не е само кочница за иднината, туку и израз на исклучителната неспособност на Владата, на Зоран Заев и на неговата меѓународна политика. Причината за неуспесите е криминалот, немањето на реформи и економскиот пустош, се’ друго е само правдање на неуспехот на Владата. По четири години лаги, денес е јасно дека имаме Влада која не може да испорача европска иднина, а испорача рецесија, вето и тргување со идентитетот. Неговата политика на ‘all in’ создаде огромни штети и денес се говори за она што треба да биде најсилен наш темел – идентитетот. После толку неуспеси имаме премиер на држава, кој нема кредибилитет да управува со Влада и да води преговори со Бугарија. Едноставно, не може да имаме толку неуспеси, а да нема одговорност за ништо и кај никого. Затоа главната кочница за разговорите со Бугарија станува токму Заев, кој со своите ветувања ги подгрева апетитите на соседните држави, а не е способен да испорача резултати. Сметам дека вистинското решение во овој момент е оставка на Заев, државата да ја води експертска влада или влада за национален спас, и во моментот кога ќе се создадат услови да имаме избори. Секое друго членување во организација како Европската економска зона е добро и треба да се случи, но членството во Унијата нема алтернатива, исто како и потребата да се заштитат нашите идентитетски обележја на тој пат. Сметам дека ако се води принципиелна политика каде јасно ќе се определи што се може што не, и да имаме премиер без концесии, можен е напредок, вели Мицкоски за „Дојче веле“.
Целиот текст овде.
Comments are closed for this post.