Репрезентацијата на Македонија со победа од 31:27 го отвори првиот квалификациски натпревар за ЕП 2020 натпревар против Турција.
Најефикасен во салата „Боро Чурлевски“ беше Кире Лазаров со осум гола, Дејан Манасков даде шест, по четири пати противничката мрежа ја тресеа Стојанче Стоилов, Филип Талески и Гоце Георгиевски. За истакнување е настапот и на Борко Ристовски кој запиша двоцифрен број на интервенции, вкупно 10.
Во вториот меч во групата, Исланд славеше над Грција со 35:21. Репрезентацијата на Македонија веќе во недела ќе гостува кај јужниот сосед во гратчето Кожани од 17 часот.
Comments are closed for this post.